Нема докази што се случуваше и зошто пропадна Пописот во 2011 година. Целокупниот пописен материјал бил уништен, а со тоа и доказите кои би ги потврдиле политичките одлуки за прекин на Пописот. Ова во емисијата Стадион на Канал 77 го потврди Апостол Симовски, директор на Државниот завод за статистика.
-Политиката инсистираше да бидат попишани повеќе од групите што ги претставуваат и за тие 10 дена беа попишани повеќе од што имаше во Пописот во 2012 година. Сфатија дека ќе имаат податок, на кој никој нема да им верува. Се’ што беше надвор од државата, беше вклучено во Пописот. Кога се алармираше, рекоа „стоп“, ќе уништиме се’ да не види никој што направивме, -изјави Симовски.
Тој вели дека тоа не може да се докаже бидејќи се’ е уништено како податок. Иако уништувањето на пописниот материјал би било кривично дело, проблемот е решен со закон донесен во Собранието на РМ. На таков начин се избегнати компликации со истраги, судови и одговорност
.
-Тоа се направи со закон донесен во Собранието. Се уништи целокупниот пописен материјал, на пет дена пред завршувањето на Пописот, рече Симовски во Стадион.
Пописот во 2011 почна на 1 октомри а беше прекинат на 10 октомври, како што тогаш беше објаснето по колективна оставка на Пописната комисија. По три дена жолчна расправа, Собранието донесе закон за престанок на важност на Законот за попис. За пропаднатиот Попис беа потрошени 14 милиони евра, граѓански пари.
Целото издание на емисијата Стадион е достапно на следниот линк:


