Планинарски марш „По врвиците на Даме Груев” во беровско Русиново – ММС
ММС

Објавено на: 12/22/18 9:35 AM

Планинарски марш „По врвиците на Даме Груев” во беровско Русиново

По повод  112 години од загинувањето на македонскиот револуционер Даме Груев, во беровското село Русиново денеска ќе се одржи планинарски марш до месноста Петлец. Маршот ќе почне во 9 часот со положување цвеќе на бистата на Даме Груев во центарот на село Русиново.

Во 10 часот ќе биде одражана панихида на надгробната плоча на револуционерите на гробиштата во Русиново, а тргнувањето кон Петлец е закажано за 10.30 часот.

Традиционалниот марш, кој е познат  и како „По врвиците на Даме Груев”, е последниот пат кој револуционерот го поминал пред да загине кај месноста Петлец во близина на Русиново, на 23 декември 1906 година.