Караоглу: Предлог за гласање недоверба на Владата од Нова демократија пред да дојде Договорот од Преспа во парламентот – ММС
ММС

Објавено на: 12/21/18 6:46 PM

Караоглу: Предлог за гласање недоверба на Владата од Нова демократија пред да дојде Договорот од Преспа во парламентот

Пратеникот од опозициската Нова демократија, Теодорос Караоглу најавува дека кога ќе дојде време за дискусија за Договорот од Преспа во грчкиот парламент, тие ќе поднесат предлог за гласање недоверба на власта предводена од Ципрас. Според него, таквата иницијатива претставува парламентарно оружје за нив.

Во интервју за радиото на грчката новинска агенција, тој оценува дека Договорот кој Ципрас и Заев го потпишаа летово е срамен и потенцира дека штом ги соберат потписите од колегите, ќе го достават предлогот за недоверба, а со тоа тогаш секој ќе се најде пред одговорност.

Караоглу прогнозира дека за ратифокација на Договорот „за жал ќе се најдат над 150 пратеници, колку што се потребни за да помине договорот”. Според него, од СИРИЗА, сите 145 пратеници ќе гласаат “за”, од Река 4 и исто толку од Независни Грци ќе го поддржат договорот.