УЕФА ќе го суспендира Вардар поради заостанати долгови – ММС
ММС

Објавено на: 12/21/18 5:28 PM

УЕФА ќе го суспендира Вардар поради заостанати долгови

Дисциплинската комисија на УЕФА задолжена за финансискиот фер-плеј условно го казни најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар.

Доколку до 31 јануари 2019 година „црвено-црните“ не ги исплатат заостанатите долгови, и дополнително да ја платат наметнатата денес казна од 100.000 евра, Вардар ќе биде исфрлен од европските натпреварувања во наредните две години.

УЕФА како објаснување за наметнатата казна вели дека клубот не ги исплатил доспеаните долгови до зададениот последен рок, 30 септември 2018 година.

Освен Вардар казнет е Левски (Софија) и Спортинг (Лисабон).

Извор:МИА