По Нова година бугарските винетки ќе се купуваат и електронски – ММС
ММС

Објавено на: 12/21/18 4:15 PM

По Нова година бугарските винетки ќе се купуваат и електронски

0д 1 јануари 2019 година, Бугарија воведува електронска винетка за користење на патната мрежа во земја.

Со влегувањето во сила на е-вињетка нема потреба да се става налепница со хартиена винетка на шофершајмата на возилото. За време на проверка на патот сопствениците и корисниците на возилата нема да бидат обврзани да презентираат документ со кој се докажува купување на винетка. Дадена е можност да се купуваат винети на дневна база, неделна и месечна преку сајтот на bgtol.bg.

Винетките за возила со дозволена максимална тежина над 3,5 тони ќе важат до 15 август 2019 година. Од 16 август 2019 година ќе се наплатува патарина за нив. Сите хартиени винетки купени во 2018, кои истекуваат во 2019 година, ќе ја задржат валидноста. Возачите треба да ја задржат налепницата на шофершајмата на возилото до последниот датум на истекот на нејзината важност.На сопствениците и корисниците на возилата им се дава можност да ги претворат валидните налепници во е-винетка. Ова не е задолжително, но е препорачливо.