Општините во Македонија ќе ја јакнат соработката и ќе менуваат искуства – ММС
ММС

Објавено на: 12/21/18 4:08 PM

Општините во Македонија ќе ја јакнат соработката и ќе менуваат искуства

24 општини од земјава со поддршка на УНДП ќе ги јакнат капацитетите на општинските совети. Денеска во Кавадарци беше организирана средба меѓу претседателите на советите од овие општини на која беше презентиран начинот на функционирање на општина Кавадарци, клучните предизвици и постигнувањата во работењето. Беа разменети и искуства и практики во локалната самоуправа на национално ниво, споредено со други регионални и меѓународни позитивни примери кои се применети и функционираат во системите на локалната самоуправа и децентрализацијата.

Претседателот на кавадаречкиот совет, Ристо Сакалиев вели дека ваква соработка е потребна, бидејќи општините ќе имплементираат веќе проверени искуства.

„Целта е советниците да се зближат, да искористиме искуства. Некои работи кои што се некаде искористени, на пример, ние сега го работиме паркирањето, а тоа во Скопје е завршено да исцрпиме готови информации за побрзо да се работат проектите. Така ќе ги искористиме нивните искуства“ вели Сакалиев и додава дека Кавадарци ќе го претстави проектот „Мој општинар“ кој веќе дава позитивни искуства во функционирањето на општина Кавадарци.

„УНДП започна со проектот Зајакнување на општинските совети во средина на 2016 година и до крај на 2020 ќе работиме директно со 24 општини на зајакнување на капацитетите на советниците во општините, меѓутоа ќе овозможиме и финансиска поддршка за овие 24 општини. “ рече  Илмиасан Дуаути проектен менаџер од УНДП и информира дека 15 претседатели на општински совети биле во посета на Хрватска и Словенија од каде исто така се црпени искуства за работењето на локалните самоуправи кои треба да се пренесат во македонските општини.

Ангел Данов