Заврши реконструкцијата на двете детски градинки во Гостивар – ММС
ММС

Објавено на: 12/21/18 4:02 PM

Заврши реконструкцијата на двете детски градинки во Гостивар

Заврши реконструцкијата на двете детски градинки во Гостиваркаде поради обновата згрижувањето на децата не се одвиваше според редовниот распоред. За нивна реконструцкија беа потрошени околу 2 милиони денари од буџетот на гостиварските градинки.

 Реконструкцијата на двете градинки е првиот сериозен зафат направен во детските установи во Гостивар после десет години. Реновирани се санитарните јазли, обновени се занималните, заменет е подот, вратите и прозорците. Извршена е и санација на водоводната инсталација и осветлувањето. Се очекува наскоро да бидат поставени нови детски гардероби и табли за цртање.

Наредната година се планира да се обноват фасадите на детските градинки, како и набавка на ново возило и отворање на нова детска градинка во село Чегране, едно од најголемите села во Македонија кое е речиси споено со Гостивар.

Зоран Димовски