Законот за амнестија не дава правни одговори. За жал, вистинска правна завршница за „27 април“ нема да има. Вака адвокатот Ѕвонко Давидовиќ го коментираа новиот Закон кој стапи на сила од денеска. Давидовиќ е бранител на обвинетите Александар Василевски Нинџа и Душко Лазаров, но се’ уште не знае дали ќе биде поднесено барање за нивна амнестија.
Законот за амнестија беше донесен пред три дена со 95 гласа „за“. Тој не ги опфаќа организаторите, лицата кои извршиле физичко насилство, оние кои носеле оружје и фантомки како и службените лица кои ги пречекориле своите овластувања на 27 април. И покрај настојувањата на пратениците дека не сакаат да се мешаат во работата на судот, правните експерти реагираа дека тој ќе имплицира правни последици и дека е потврда за политичкото мешање во правосудството.


