Протест во Тетово против масовното коцкање – ММС
ММС

Објавено на: 12/21/18 3:16 PM

Протест во Тетово против масовното коцкање

Оддалеченост најмалку 3 километри од урбаните средини на сите објекти каде се приредуваат игри на среќа. Дел од профитот кои го остваруваат казината и кладилниците да бидат наменети за рехабилитација на луѓето зависни од коцкање. Ова се само дел од барањата на движењето анти коцкање, кое денеска одржа протест на градскиот плоштад во Тетово.

Нивните барања како што посочија од движењето анти коцкање, се дел од предлозите на новиот предлог закон за игри на среќа, кој треба да биде донесен наредниот месец. Посочија дека законот треба да обезбеди поголема контрола врз работата на кладилниците и обложувалниците, и истиот треба да се почитува, а не како постојниот.

На протестот подршка му дадоа преставници од Тетовското архирејско намесништво и Тетовското муфтиство.

Градоначалничката на Тетово Теута Арифи, вели дека како општина според законските овластувања кои ги имаат, доволно направиле за поголема контрола врз објектите каде се приредуваат игри на среќа.

Од движењето анти коцкање, најавија дека протестите ќе продолжат, се додека не се земат во предвид нивните барања при подготовката на новиот закон за игри на среќа.