Двајца од обвинетите за насилниот протест кој ланскиот април се случи во Собранието ќе бараат амнестија, согласно новиот закон. Станува збор за Горанчо Ангеловски и Иван Цветановски, чиј адвокат, Драган Пешевски веќе го достави барањето до Одновниот суд Скопје 1.
Тој денеска ја пренесе пораката од двајцата обвинети дека е дојдено време за национално помирување.
Обвинетите за случувањата од „27 април“ почнувајќи од денеска имаат рок од пет дена да поднесат барање за амнестија од страна на обвинетите. Крајниот збор сепак ќе го има Судот.
Обвинетите Игор Југ и Јане Ченто пак, вчера се изјаснија дека нема да бараат амнестија. Новиот закон според нив е селективен и затоа тие ќе бараат за правдата да одлучува Судот.
Лидерот на Алијансата на Албанците, Зијадин Села најави дека Законот ќе го оспори пред Уставниот суд.
Во телевизиско интервју Села истакна дека тој што ги отворил вратите за да влезат демонстрантите ќе биде амнистиран, а тој што го спасил него самиот нема бидејќи е директен учесник во настаните. Според Села тоа не е фер и правда мора да има.


