Талир: Чингаровска ја призна вината и доби условна казна – ММС
ММС

Објавено на: 12/21/18 2:42 PM

Талир: Чингаровска ја призна вината и доби условна казна

Елизабета Чингаровска од ВМРО-ДПМНЕ ја призна вината во случајот „Талир“ и се спогоди со Специјалното јавно обвинителство. Судот денеска ја осуди на две годишна условна казна која нема да се изврши ако таа во наредните 5 години не стори ново кривично дело, објави Макфакс.

– Чингаровска беше последнообвинета за случајот и таа не знаела од каде потекнуваат парите кои влегувале во партијата. Од тие причини таа ја призна вината и се спогоди се специјалното јавно обвинителство, потврди за Макфакс нејзиниот адвокат Дејан Павлоски.

Чингаровска беше обвинета во случајот „Талир за перење пари. Во истиот случај, за првпат и ВМРО-ДПМНЕ како правно лице е обвинето за незаконското финансирање на партијата.

Во овој случај првообвинет е Никола Груевски, потоа Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Илија Димоски, Леко Ристоски и Елизабета Чингаровска која сега ја призна вината.