Трети ден расправа за Предлог буџетот за 2019 – ММС
ММС

Објавено на: 12/21/18 1:53 PM

Трети ден расправа за Предлог буџетот за 2019

Собрание: Архива

 

Пратениците веќе трети ден расправаат по дополнетиот Предлог буџет за 2019 година, кој за мнозинството е развоен и во интерес на граѓаните,  а за опозицијата нереален и не обезбедува пари за граѓаните.

Милева Горгиева од СДСМ истакна дека буџетот предвидува социјална еднаквост и подобар живот за сите граѓани. За нејзиниот сопартиец, Панче Иванов, Буџетот е реално остварлив

Димитар Стевананџија од ВМРО-ДПМНЕ сепак,  забележа дека буџетот за наредната година не обезбедува повеќе пари за граѓаните и подобар живот.

„Две години има се помалку пари и подобар живот поади зголемените даноци, акциза и цената на нафтата“, рече Стевананџија.

Според неговата сопартијка Нада Ципушева  буџетот е нереален, а најобемен буџет, во кој, како што рече, за жал нема споменато ниту еден проект за Општината Радовиш:

„Според голем број експерти овој буџет е нереален, а е најголем буџет во кој за жал нема спомнато ништо за општината од која јас и вие доаѓаме, а тоа е Радовиш. Нема ниту еден проект за 2019 година, а јас поднесов 9 амандмани кои се потреба за граѓаните на општина Радовиш, но за жал ниту еден од нив не беше прифатен“.

Пратеничката Ципушева истакна дека поднела неколку амандмани за околните села во Радовиш, но од страна на владата ништо не било прифатено.

Буџетот за наредната година, во кој приходите се проектирани на 210,8 милијарди денари, а расходите на ниво од 228,5 милијарди денари. Буџетскиот дефицит ќе изнесува 17,7 милијарди денари, односно 2,5 отсто од БДП.