Рецепт за топчиња од чоколада и марципан на кои и Моцарт не би одолеал – ММС
ММС

Објавено на: 12/21/18 1:34 PM

Рецепт за топчиња од чоколада и марципан на кои и Моцарт не би одолеал

Пригответе вкусен домашен десерт на начин на кој се прават светски познатите Моцарт топчиња и уживајте во слаткото задоволство.

Состојки за 30 топчиња:

500гр марципан
100гр фстаци(несолени)
100гр чоколаден крем
150гр темно чоколадо
4 лажици крем шлаг

Приготвување:

-Еден час пред да почнете да ги приготвувате топчињата ставете го чоколадниот крем во пластичен сад за да замрзне;

-Фстаците измелете ги на ситно;

-Марципанот разредете го со рака и потоа додајте ги фстаците;

-Обликувајте мали топчиња на послужавник и потоа ставете ги во ладнилник 15 минути како би се стврднале;

-На секое топче со палецот направете дупка, наполнете ги со смрзнатиот чоколаден крем и потоа со марципанот затворете ги и обликувајте ги топчињата и ставете ги во замрзнувач;

-Темното чоколадо разделете го на коцки и ставете ги во сад за готвење и прелијте ги со кремот и на тивок оган мешате додека не се растопи;

-На стапче за ражнич наредете ги топчињата, натопете ги во кремот и ставете ги на плех обложен со хартија за печење и повторно ставете ги во ладилник се додека не се стврднат;

-Вкусните чоколадни топчиња може да ги аранжирате во хартиени калапи за колачи и задолжително чувајте ги во фрижидер.

Наздравје!