Новиот менаџер на фудбалерите на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер, рекол додека секој играч на Манчестер Јунајтед ќе добиел шанса за да покаже дека заслужува место меѓу „црвените ѓаволи“.
Норвежанецот кој како играч мина 11 сезони на „Олд Трафорд“ е именуван за наследник на Жозе Мурињо. Според првичниот договор Солскјер ќе биде тренер на „црвените ѓаволи“ до крајот на оваа сезона.
„Чувствувам дека се вратив дома. Овие неколку дена беа чудни. Знам дека клубот е во потрага по наредниот менаџер, но јас во периодот што следува ќе се трудам да бидам добар, да работам најдобро што знам. Ќе се обидам да направам играчите да уживаат во фудбалот, а се радувам и на нвата средба со навивачите“, изјавил Солскјер за клупската телевизија.


