Станисављева и Керим ги нема, поканите се враќаат во СЈО – ММС
ММС

Објавено на: 12/21/18 1:27 PM

Станисављева и Керим ги нема, поканите се враќаат во СЈО

Специјалното јавно обвинителство повеќе од два месеци не може да ги најде Срѓан Керим и Јана Станисављева, некогашните први луѓе на Медиа принт Македонија кои се осомничени во предмет за лажен стечај што СЈО го презеде од Основното јавно обвинителство, потврдуваат за МКД.мк од СЈО. Од таму велат дека до сега повеќе пати се направени напори да им бидат врачени покани на Керим и Станицављева, но дека поканите се вратени бидејќи не можат да ги најдат овие лица.

Временскиот период за недостапноста на двете лица се однесува на почетокот на октомври, по распитот во СЈО. До сега за нив не се побарани никакви мерки за обезбедување на присуство во текот на истрагата.

Поранешната директорка на Медиа принт Македонија Јана Станисављева и управителот Срѓан Керим беа на распит во Специјалното јавно обвинителство на 13 септември во својство на осомничени лица во рамки на истрагата што ја води ова Обвинителство откако предметот го презеде од Основното јавно обвинителство Скопје.

Кривична пријава против Станисављева и Керим поднесоа поранешните вработени од Медиа Принт Македонија.

Станисављева и Керим беа повикани на распит во својство на осомничени лица за лажен стечај на МПМ, за злоупотреба на службена положба, како и за злоупотреби на средства на доверители во износ од неколку милиони евра.

Во рамки на компанија МПМ беа дневни весници „Вест”, „Дневник” и „Утрински” и магазинот „Теа Модерна”.

 

Преземено од: МКД.мк