„Reminder“ новиот сингл и видео Кирил Џајковски – ММС
ММС

Објавено на: 12/21/18 12:59 PM

„Reminder“ новиот сингл и видео Кирил Џајковски

Македонскиот композитор и продуцент Кирил Џајковски го објави новиот сингл „Reminder“ за кој е изработен и одличен видео спот, а со кој Џајковски се враќа на сцената по подолга дискографска пауза.

Песната „Reminder“ е прва соработка со новиот член на неговиот концертен бенд, вокалистот David Lion и претставува храбра комбинација на Balkan Beat звукот со glitch-hop и реге влијанија.

Ова издание под етикетата на „Филтер Лабел“ е прво во низата синглови со нова музика на Џајковски што ќе бидат објавени во текот на следните месеци и ќе коинцидираат со засилена концертна активност на најпопуларниот македонски електронски артист. Имено, „Reminder“ наскоро ќе ја има и својата концертна промоција на новогодишниот настап на Џајковски во Шибеник, Хрватска.

Синглот „Reminder“ е премиерно објавен на официјаниот You Tube канал на Џајковски, а е достапен за слушање и симнување преку сите водечки дигитални сервиси во светот.