Иванов го потпиша указот за Законот за амнестија – ММС
ММС

Објавено на: 12/21/18 10:53 AM

Иванов го потпиша указот за Законот за амнестија

Законот за амнестија вчера е објавен во Службен весник. Тоа значи дека Указот за прогласување за овој закон е потпишан од претседателот Иванов и оти веќе тече рокот од 5 дена за пријавување на сите обвинети за случувањата во Собранието на 27 април минатата година, пренесува Алсат М.

Според овој закон, секој обвинет треба да поднесе барање да биде амнестиран доколку смета дека ги исполнува условите пропишани со овие законски решенија. Потоа, последниот збор ќе го имаат судијката и обвинителката во овој предмет, Добрила Кацарска и Вилма Рускоска.

Преземено од медиумот:
https://www.alsat-m.tv/mk/%D0%B8%D0%B2%D0%B0%D0%BD%D0%BE%D0%B2-%D0%B3%D0%BE-%D0%BF%D0%BE%D1%82%D0%BF%D0%B8%D1%88%D0%B0-%D1%83%D0%BA%D0%B0%D0%B7%D0%BE%D1%82-%D0%B7%D0%B0-%D0%B7%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%BD%D0%BE%D1%82-%D0%B7%D0%B0/