Војниците со 45 години ќе може да се вработат во АРМ како цивили без конкурс – ММС
ММС

Објавено на: 12/21/18 10:48 AM

Војниците со 45 години ќе може да се вработат во АРМ како цивили без конкурс

Министерство за одбрана подготвува предлог-закон за дополнување на Законот за служба во Армијата на Република Македонија за решавање на статусни прашања на професионалните војници на кои работниот однос им престанал со навршување на 45 години возраст како и решавање на статусни прашања на лицата со посебни специјалности од особено значење за Армијата,објавува Мета.

„Професиналните војници на кои им престанал работниот однос со навршување на 45 години возраст да можат да се вработат во Армијата на Република Македонија како цивилен персонал и лицата со посебни специјалности од особено значење за АРМ да можат да се вработат во МО без објавување на јавен оглас, со спогодба за преземање од органот каде што претходно работеле“, се вели во образложението објавено на Единствениот национален регистар на прописи на Република Македонија.

 

Превземено од: Мета