Тетовец нападнат додека превезувал патници – ММС
ММС

Објавено на: 12/21/18 10:00 AM

Тетовец нападнат додека превезувал патници

Седумдесетгодишниот М.Д. од тетовското село Селце, вчера ( 20 декември ) пријавил загрозување со опасно орудие, кое околу 13 часот се случило на крстосницата на улиците

„Илинденска“ и „Видоја Смилевски-Бато“ во Тетово.Додека М.Д. со такси возило превезувал патници, патот му го пресекло возило „БМВ“, од кое со пиштол во раката излегол Б.Л.( 26 ) од Тетово и веднаш почнал да го навредува и да му се заканува, а се обидел и да го удри по главата.

Набрзо потоа, според кажувањето на М.Д, пријавениот Б.Л. влегол во своето возило и се оддалечил од местото, по што е повикан во Полициската станица Тетово и се работи на целосно расчистување на случајот.