Приколка усмрти пешак во Гостивар – ММС
ММС

Објавено на: 12/21/18 9:49 AM

Приколка усмрти пешак во Гостивар

Според информациите од Полицијата ,вчера  во 13.40 часот било пријавено дека во Гостивар, на улица „Браќа Ѓиноски“ товарно моторно возило „Мерцедес“ со приколка со гостиварски регистерски ознаки, управувано од педесетиедно годишниот А.Т. од Гостивар, удрило во шеесетипет годишниот пешак П.Ц. од Гостивар. Од здобиените повреди на местото на настанот починала П.Ц. Извршен е увид на местото на настанот. Се работи на расчистување на случајот.

Во текот на вчерашниот ден прегазен е уште еден пешак.Вчера во 16,15 часот било пријавено дека на улицата “1“ во село Стајковци, скопско патничко моторно возило “Фиат стило“ со скопски регистерски ознаки управувано од педесетипе годишниот А.Т. од село Бунарџик, скопско удрило во педесетишест годишниот пешак З.П. од село Стајковци, скопско. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил пешакот и е пренесен во комплекс клиники “Мајка Тереза“. Со телесни повреди се здобиле и две сопатнички во возилото М.Т. и И.Н двете од село Булачани, скопско констатирани од страна на лекар од Комплекс клиники “Мајка Тереза“. Извршен е увид на местото на настанот.