Државната награда „Мито Хаџи Василев – Јасмин“ за 2018 година, за оставруавње во областа на публицистиката и новинарството од интерес на Република Македонија, денеска напладне ќе биде врачена во Собранието.
За оставрување во областа на публицистиката наградата годинава и се доделува на Марина Костова, публицист, а за оставрување во областа на новинарството на новинарот Емин Аземи.
Одлуката неодамна ја соопшти Одборот за доделување на наградата „Јасмин“, под претседателство на Катерина Блажевска.


