Најмалку 13 загинати рудари во рудник во Чешка – ММС
ММС

Објавено на: 12/21/18 9:34 AM

Најмалку 13 загинати рудари во рудник во Чешка

Најмалку 13 рудари загинаа во експлозија на метан во рудник за камен јаглен во Чешка. Станува збор за рудникот „Север“ во Стонава на истотот од оваа земја. Потврдено е дека сите жртви се Пољаци.

Деталите кои ги соопшт и полицијата е дека метанот во државниот рудник експлодирал на 880 метри под земја, а работите во истиот веднаш се запрени. Експлозијата се случила во попладневната смена на рудникот, кога во јамата биле 23 ца од кои 13 загинаа а десетина се повредени од кои тројца потешко.

Полска во Карвина испрати две спасувачки екипи да им помогнат на чешките спасители во текот на ноќта додека трагаа по исчезнатите, а денеска ќе дојде во рудникот и полскиот премиер Матеуш Моравјецки и чешкиот премиер Андреј Бабиш.

Рудникот за камен јаглен во крајот Кравина е еден од двата во таа област на државното претпријатие ОКД кое смета оваа година да произведе 5 милиони тони камен јаглен. Во оваа област на источна Чешка, на границата со Полска, многубројно е полското национално малцинство, а во рудниците, челичарниците и фабриките работат многу полски гастрбајтери.