Три лица загинаа, меѓу кои и едно дете во сообраќајна несреќа што се случи рано утрово околу 7 часот и 35 минути во селото Долно Меѓурово кај Ниш, кога воз удри во автобус. Во несреќата потешко повредени се и 6 лица, а 16 полесно.
Како што соопштуваат медиумите од соседството и она што го потврдило Министерството за внатрешни работи глетката била страотна, автобус на „Ниш експрес“ е преполовен од ударот на возот.
Екипи на Итна медицинска помош, пожарникари и полицијата се на терен и ги извлекуваат повредените, кои се пренесени во најблиската болница во Ниш. Причината за несреќата се уште не е позната, а железничкиот и патниот сообраќај се запрени.
Српските медиуми соопштуваат дела овој сообраќаен премин бил обезбеден со адекватна сообраќајна сигнализација, а истото го потврдиле и од Железници Србија. На самото место е екипата на РТС, а дел од снимите кои се снимени се вознемирувачки:


