Денеска во Белград средба Ципрас – Вучиќ – ММС
ММС

Објавено на: 12/21/18 8:32 AM

Денеска во Белград средба Ципрас – Вучиќ

Грчкиот премиер Алексис Ципрас денеска ќе допатува во посета на Србија, при што е предвидена негова средба со српскиот претседател Александар Вучиќ.

Како што соопшти Кабиентот на српскиот претседател, по средбата, Вучиќ и Ципрас ќе присуствуваат на втората седница на Високиот совет за соработка меѓу Србија и Грција.

На Вучиќ и Ципрас утре во Белград ќе им се придружат и премиерите на Бугарија и на Романија, Бојко Борисов и Виорика Данчила, на средба во рамки на квадритералната регионална соработка.