Состојба на патиштата: Намалена видливост поради магла на Ѓавато – ММС
ММС

Објавено на: 12/21/18 7:53 AM

Состојба на патиштата: Намалена видливост поради магла на Ѓавато

На планинскиот превој Ѓавато утринава има намалена видливост до 100 метри поради магла, а на останатите патишта низ државата сообраќајот се одвива по претежно суви коловози, соопшти Авто мото сојузот на Македонија.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.