Се сеќавате ли на новогодишните честитки што ги испраќавме како деца (ФОТО) – ММС
ММС

Објавено на: 12/20/18 9:22 PM

Се сеќавате ли на новогодишните честитки што ги испраќавме како деца (ФОТО)

Социјалните мрежи веќе одамна ги заменија класичните честики кои како деца ги праќавме до најблиските. Скришно под чергичката штом падне ноќта, честичката без маркица стигнуваше во домот на вашите соседи. Ова беше вистинска радост за најмалите. И сигурно ќе се сложите со тоа дека новогодишните честички добиени во хартиена форма имаат повеќе значење и топлина, отколку некој да ви псокака убави празници на вашиот меил.

Новогодишните тезги на пазарите беа преполни со новогодишни честитки кои се продаваа од две, три до пет денари, а онаа честитка која што имаше специјални ефекти како оние честитки кои свиреа новогодишни песни можеа да се најдат дури ид 10 до 20 денари.

Праќањето честитки по пошта до вашите далечни роднини и пријатели, стана минато. Радоста на мало дете кога ќе го видеше чичко Поштар околу новогодишните празници топлеше срца.

Со следните фотографии носталгично ќе ве навратиме на времето кога имаше една поинаква новогодишна еуфорија: