Цртан кој ќе ви ги освои срцата, приказна за мајчинска љубов после која ќе сакате да ги прегрнете најмилите (ВИДЕО) – ММС
ММС

Објавено на: 12/20/18 9:03 PM

Цртан кој ќе ви ги освои срцата, приказна за мајчинска љубов после која ќе сакате да ги прегрнете најмилите (ВИДЕО)

Краткиот анимиран филм „Био“ позади кој се потпишва Disney Pixar  во осум минути ќе ви го заджи вниманието со приказната на една возрасна жена од Кина која пати од синдромот ”празно гнездо”. Еден ден добива нова шанса за мајчинство па така една од кнедлите кои ги приготвува во еден момент оживува.

Додека мајката е среќна и весела за целата интересна ситуација, кнедлата многу брзо расте, жената се разочарува и доаѓа до горкиот заклучок дека ништо во животот не останува слатко и мало засекогаш.

Од Disney Pixar велат дека филмот ќе може да се гледа бесплатно во наредните денови.