Варено вино, рецепт за зимско релаксирање – ММС
ММС

Објавено на: 12/20/18 7:58 PM

Варено вино, рецепт за зимско релаксирање

Не заборавајте овие зимски ладни денови да приготвите и да се згреете со чаша вкусно варено вино. Ви го откриваме традиционалниот рецепт за потполно уживање и загревање на телото на овие температури под нулата.

СОСТОЈКИ:

750мл црно вино
150гр шеќер
100мл свежо исцеден сок од портокал
Една кора од лимон
Една кора од портокал
Едно стапче цимет
Звездаст анасон
5 каранфилчиња
Една кафена лажица мускатно оревче
Еден прстофат ѓумбир

ПРИГОТВУВАЊЕ:
Ставете ги шеќерот, зачините ги корите од лимонот и портокалот во еден сад. Ставете дел од црното вино се додека шеќерот не се стопи, потоа се заедно варете 4 до 5 минути на умерана температура. Кога смесата ке стане густа и леплива додатете го виното и намалете ја температурата на минимум. Винот не смее да проврие бидејќи ке го испари целиот алкохол. После 5 минути одстранете го анасонот и каранфелчето и послужете го со свеж портокал.

Наздравје !