Ваљон Беља со два куршуми ранет во Чаир – ММС
ММС

Објавено на: 12/20/18 7:15 PM

Ваљон Беља со два куршуми ранет во Чаир

Вечерва во вооружен напад во скопската наделба Чаир, застрелан бил економскиот директор на Клиниката за Гинекологија, Ваљон Беља.

МВР соопшти дека во Беља било пукано во пределот на десната подколеница, по што тој пренесен во Градската Општа Болница „Св. Наум Охридски“.

Во него пукало лице кое било заедно со Е.Х, Е.А и Р.Н.

Од МВР велат дека работат на расчистување на случајот. Инаку Валон Беља е лице кое доаѓа од политичката гарнитура на ДУИ кој пред неколку месеци беше поставен за нов економски директор на Клиниката за Гинекологија.