Средбата со нејзиното момче завршила со закани – ММС
ММС

Објавено на: 12/20/18 6:26 PM

Средбата со нејзиното момче завршила со закани

Во Полициската станица Центар, на 20 декември по полноќ, 56-годишен маж пријавил дека претходно вечерта неговата ќерка договорила средба со момче со кое извесно време била во љубовна врска.

Кога се сретнале на локација во Скопје, момчето ја внело во автомобилот „пасат“ и ѝ упатувал закани по што ја оставил на булеварот Партизански одреди.

Полицијата презема мерки за целосно расчистување на настанот.