Пожар во центарот на Кавадарци – ММС
ММС

Објавено на: 12/20/18 3:46 PM

Пожар во центарот на Кавадарци

Во центарот на Кавадарци, во стара напуштена куќа попладнево избувна пожар. Објектот важи за збиралиште на зависници од дрога.

Од кавадаречката против пожарна единица потврдија дека интервенирале за гаснење на огнот.

„Благодарение на брзата интервенција спречивме пожарот да се прошири и на околните објекти кои се во непосредна близина“ вели командирот на противпожарната единица, Александар Чадамов.

Првичните информации говорат дека пожарот најверојатно е предизвикан од цигара. Екипи  на кавадаречката полиција вршат увид во опожарениот објект.

 

Ангел Данов