Наслов: Новото јавно претпријатие во Куманово се очекува да проработи во март – ММС
ММС

Објавено на: 12/20/18 3:20 PM

Наслов: Новото јавно претпријатие во Куманово се очекува да проработи во март

Изработката на урбанистичките планови и програми за 2018 година изостанаа бидејќи Јавното претпријатие „Куманово план“ се уште не е формирано, рече координаторот на советничката група на Коалицијата за подобра Македонија при Советот на Општина Куманово, Драган Петковски.
На последната седница, Петковски упати прашања до градоначалникот кога може да се очекува оваа претпријатие да започне да работи и да ги даде првите резултати.
Одлуката е донесена, средствата се издвоени, а донесен е и актот за основање, рече градоначалникот Максим Димитриевски и додаде дека волонтерите кои претходно биле ангажирани во администрацијата сега се времено вработени, меѓутоа моментално работат во Секторот за урбанизам и комунални дејности.
– Во тек е постапка на обезбедување на сите потербни документи од надлежни државни органи и пред се основната и елементарната работа, а тоа е согласност за систематизацијата на оваа јавно претпријатие и таа е конечно добиена пред неполни десетина дена. Воедно е спроведена постапка за наоѓање на техничко решение и обезбедување на простор, бидејќи тие луѓе треба некаде да работат, а паралелно со тоа беше спроведена постапка во рамките на општинската администрација беше зголемен бројот на лица кои што од форма на волонтери поминаа во лица со времено вработување, стручно соодветно образовани, ахритекти, инжинери и други лица кои ќе