Тетовските студенти не беа примени на средба со управата на Тетовскиот универзитет – ММС
ММС

Објавено на: 12/20/18 3:00 PM

Тетовските студенти не беа примени на средба со управата на Тетовскиот универзитет

Тетовските студенти и покрај нивните инсистирања, не беа примени на средба со управата на Тетовскиот универзитет. Од управата во зградата на ректоратот на оваа образовна институција, им посочија дека состанок ќе има, но само со неколку студенти.

Тетовските студенти не го прифатија ваквиот услов, оти сметаат дека управата на Тетовскиот универзитет, треба да ги прима сите студенти, и да ги слушнат сите нивни проблеми и барања.

Тетовските студенти трет ден протестираа низ тетовските улици, од каде до управите на универзитетите во Тетово упатија 14 барања.

Тие рекоа дека протестите ќе ги радикализраат, ако универзитетите за рок од седум дена, не започнат да ги реализираат нивните барања.