ВМРО-ДПМНЕ денеска ја обвини власта дека е неспособна и дека ја зацрнила економијата во земјава.
„СДСМ откако е на власт нема реализирано ниту еден единствен проект. Единствениот и најголем проект им е проектот: Задолжување на граѓаните на Република Македонија. За жал, во моментов Република Македонија е презадолжена држава и граѓаните тонат во долгови. Откако дојде СДСМ на власт се повеќе се задолжува, а ништо не се реализираат од предвиденото и СДСМ немаат ниту еден единствен проект реализирано“, изјави денеска на прес конференција портпаролот на партијата, Димче Арсовски.


