Во Тетово се одржа дебата под наслов Македонија во НАТО – ММС
ММС

Објавено на: 12/20/18 2:37 PM

Во Тетово се одржа дебата под наслов Македонија во НАТО

Во Тетово се одржа дебата под наслов Македонија во НАТО. Учесниците оптимистички изјавија дека нашата држава на почетокот од наредната година ќе биде рамо до рамо со постојаните членки на НАТО без право на глас, а на крајот од 2019 година и официјално ќе станаме членка на алијансата.

 Националниот  координатор за НАТО Стево Пендаровски, истакна дека Македонија е досега најподготвената членка за влез во Алијансата, но проблемот со името го кочел целиот процес. Сега кога оваа пречка е веќе решена, а формално правно договорот со името треба да помине во парламентите во  Грција и Македонија, процесот на зачленување во НАТО никој веќе не може да го спречи.

Претседателот на евроатланскиот совет Исмет Рамадани, истакна дека Макеоднија дури и на почетокот од наредната година, ќе седи рамо до рамо со постојаните земји членки, но без право на глас.