Данска мигрантите со досие ќе ги испраќаат на ненаселен остров – ММС
ММС

Објавено на: 12/20/18 2:18 PM

Данска мигрантите со досие ќе ги испраќаат на ненаселен остров

Данска има намера мигрантите со полициско досие ќе ги испраќаат на ненаселен остров и единствено тие овде ќе ја чекаат депортацијата, сите други остануваат  на неодредено време, бидејќи поради состојбите во нивните земји не може да бидат вратени во нив.

Данскиот Парламент денес го усвои буџетот за 2019 во кој е вклучен и предлогот, мигрантите кои имаат криминално досие да се сместат на остров кој претходно се користел за научни експерименти.

Планот го критикуваа обдусманите на ОН а и некои  во Данска, го гледаат тоа како јакнење на антимигрантското движење.

Владата има намера на островот да испрати стотина мигранти од кои дел многу бргу ќе биде депортиран, ќе останат тие кои што не може да се протераат  бидејќи во нивните земји им се заканува мачење или убиство.