Еди Рама нападнат со јајца во албанското собрание – ММС
ММС

Објавено на: 12/20/18 12:21 PM

Еди Рама нападнат со јајца во албанското собрание

Вистински хаос во Собранието во Албанија. Седницата била накратко прекината откако пратеникот од опозицијата на Демократската партија Ендри Хаша со живи јајца го нападна премиерот Еди Рама, кој во моментот го имаше своето право на глас на говорницата.

Порталот „Албеу“ објави дека Рама ја напуштил седницата, кој очекувал дека ќе интервенира претседателот на Парламентот Грамоз Ручи.

Фотографијата на која се гледа како Хаша го погоди Рама со јајца ја објави бившиот премиер Сали Бериша на Твитер, со порака „За присутните- тост и јаца“.

Порталот Љајми фундит пренесе дека Хаша го гаѓал Рама со јајца додека премиерот бил на говорница, а потоа, како што се наведува, следувал судир на пратениците со обезбедувањето во Парламентот.

ред почетокот на седницата пред зградата на Парламентот протестираа голем број ученици и студенти. Протестите, кои се одржуваат и во другите албански градови, траат 16 денови, со барање за подобрување на условите за студирање.