Се утврдуваат причините за смрта на штипскиот пожарникар – ММС
ММС

Објавено на: 12/20/18 11:53 AM

Се утврдуваат причините за смрта на штипскиот пожарникар

Која е причината за смрта на 57 годишниот штипски пожарникар Ѓорги Џонов, кој почина синоќа при гасење на оџак во станбена зграда ќе се знаат по завршување на истрагата.По наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција.

Според информациите од Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова  настанот се случил околу 17 часот и 15 минути. При гаснењето на пожарот на запален оџак во зграда  на улицата ,,Браќа Даневи“број 14  на пожарникарот Џонов му се влошила здравствената состојба, при што паднал. Неговите колеги му ја дале потребната помош и со возило на Итната медицинска помош бил пренесен во Штипската клиничка болница, каде лекарите ја констатирале неговата смрт

Сите процедури околу постапката за гасење на  пожарот од дојавата па се’ до интервенцијата биле запазени,тврди Командирот на ТППЕ Тони Атанасов

,,Станува збор за една рутинска интервенција на ТППЕ.Од дојавата за пожарот па се до интервенцијата,запазени се сите процедури,сите вообичаени работи кои ние како Единица ги правиме и ги интервенираме.Причините, како за пожарот така и за смрта која што настанала кај нашиот колега ќе треба да се изјаснат органите кои го истражуваат случајот.Сега за сега ние не можеме да коментираме ниту да претпоставуваме “,вели Атанасов.

По наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција.