Празничната сезона може да биде најубавото време во годината. Богати трпези, украсни светилки и блескави елки на секој чекор. Но, обврските, пазарењето и празничните јадења може да предизвикаат стрес. Добрите вести се дека со неколку мали совети може да го намалите стресот многу полесно од колку што мислите.
Ги побаравме најдобрите совети од искусните експерти и ги споделуваме со вас. Тие ќе ви помогнат да бидете среќни, здрави и полни со енергија.
Подобрете го расположението со дневни прошетки
Дневните прошетки на зимското сонце помагаат во производството на серотонин, познат како хормон на среќата. Ако не сте во можност да излезете, направете го вашиот омилен чај и испијте го покрај прозорецот.
Уживајте во мирисот на цитрусните овошја
Истражувачите во областа на депресијата открија дека некои цитрусни ароми помагаат за подобрување на чувствата и намалување на стресот. Имено, тоа се должи на подигнување на нивото на норадреналин, хормон кој има влијание врз расположението. Земете малку етерично масло од лимон или портокал и ставете неколку капки врз џебно шамиче. Секогаш кога се чувствувате напнати, помирисајте го цитрусниот мирис.
Пешачете секој ден без грижи
Ритамот и повторувањето на прошетките имаат смирувачки ефект врз мозокот, ја намалуваат анксиозноста и го подобруваат сонот. Затоа, пешачете најмалку половина час секој ден – советува Д-р Анн Кулзе.
Намалете го непријатниот празничен стрес со кинески методи
Местото помеѓу палецот и показалецот е познато како хоку точка во традиционалната кинеска медицина. Нежниот притисок за времетраење од 30 секунди може да го намали стресот и напнатоста во горниот дел на телото. Па, ако ви дошло „преку глава“ од празничниот „хаос“, нежно притиснете ја дланката и длабоко дишете.
Смејте се почесто
Смеењето може да ви помогне да го намалите нивото на стрес. Тоа им помага на клетките на имуниот систем да работат подобро – вели психологот Стив Вилсон.
Заборавете на перфекцијата
Престанете да се притискате доколку не можете да постигнете сѐ според плановите. Светот нема да заврши доколку не сте успеале детално да ја исчистите куќата или пак доцните со вечерата неколку минути. Фокусирајте ја вашата енергија на уживање со драгите лица во вашиот живот. Така празниците ќе бидат уште поубави!
Додатоци во исхраната кои помагаат за намалување на стресот
Magnesium – величествен минерал
Магнезиумот е клучен минерал кој многу луѓе не го добиваат доволно преку исхраната. Тој е од клучно значење за производство на енергија и метаболизмот, мускулната контракција, преносот на нервните импулси и минерализацијата на коските. Тој е задолжителен кофактор за околу 300 ензими. Помага за:
- правилно функционирање на нервниот систем
- го намалува стресот
- го подобрува сонот
- помага за добро расположение и спокојство
- нуди поддршка за лица со синдром на хроничен замор – го зголемува енергетското ниво
Превземено од: sezahrana.mk


