Четврти месец по ред Македонија 68-ма на ФИФА ранг листата – ММС
ММС

Објавено на: 12/20/18 10:53 AM

Четврти месец по ред Македонија 68-ма на ФИФА ранг листата

Македонската фудбалска репрезентација остана на 68-то место на ФИФА ранг-листата објавена денеска. Ова е веќе четврти месец по ред со непроменет рејтинг на „црвено-жолтите“, кои на истата позиција се наоѓаат уште од септемвриското рангирање.

Следниот противник на Македонија во плеј-офот од Лигата на нации, репрезентацијата на Косово е на 131-то.

На врвот и натаму е Белгија пред Франција и Бразил. Во Топ 10 се уште репрезентациите на Хрватска, Англија, Португалија, Уругвај, Швајцарија, Шпанија и Данска.