Ресторанот кој подарува книга на секој посетител, досега подарени се 2,5 милиони книги – ММС
ММС

Објавено на: 12/20/18 3:00 PM

Ресторанот кој подарува книга на секој посетител, досега подарени се 2,5 милиони книги

Кога сте голем љубител на книгите и ќе ви светне идеја дека таа љубов може да ја споите со храната. Па така во далечната 1970 -та година, ресторанот кој го носи името „Патник“ за прв пат ги отворил вратите, нудејќи вкусни оброци и бесплатни книги.

Сопственикот на овој ресторан бил голем љубител на книгите и кога веќе немал каде да ги стави во својот дом тој решил да почне да подарува на оние што ќе го одберат неговиот ресторан за оброк.

Оваа традиција продолжила и кога ресторанот во 1993 -та година добила нов сопственик. Тие подаруваат од една до две илјади книги неделно. Стигнале и до тој степен да подаруваат и по три книги за човек. Снабдувањето со книги доаѓал од најразлини извори, но најчесто ги купувале кога во градот имало распродажба по библиотеките, но и нивните посетители знаеле да подарат по некоја книга на ресторанот.

Откако ресторанот добил нов сопственик тие имаат подарено околу 2,5 милиони книги. Колку што е важна идејата, важен е и исходот од нејзино спроведување. Во овој случај тоа е обострано.