Рускиот вселенски брод „Сојуз МС-09, кој ги превезуваше тројцата досегашни челнови на екипажот на Меѓународната вселенска станица (МВС), рано изутринава успешно слета во Казахстан.
Со „Сојуз МС-09“ на Земјата се вратија тројцата астронаути Сергеј Прокопиев од Русија, Серина Аунион-Ламслер од САД и Александер Герст од Германија.
Троцата досегашни членови на екипажот на МВС во земјината oрбита минаа 190 дена, извршувајќи експерименти кои е невозможно да се спроведат на Земјата.
МИА