Уставниот закон за спроведување на амандманите на дневен ред во матичната комисија – ММС
ММС

Објавено на: 12/20/18 8:00 AM

Уставниот закон за спроведување на амандманите на дневен ред во матичната комисија

Уставниот закон за спроведување на амандманите за измени на Уставот, согласно Договорот од Преспа, денеска е на дневен ред на седницата на собраниската Комисија за уставни прашања, која вчера ги изгласа сите четири предлог-амандмани за уставни измени.

На вчерашната седница не присуствуваше опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски претходно најави дека тие нема да учествуваат во натамошните фази на процесот за уставни измени кој, како што рече, е повеќе фарса,

Вчера во фокусот на дебатата беше државјанството односно членот 2 и ставот 2 каде што се предвидува државјанството да биде „македонско/граѓани на Република Северна Македонија“.

МИА