Грција влегува во предизборен период и затоа не треба да изненадуваат одредени тонови и изјави, особено од партиите кои сега се против Договорот од Преспа. Сепак, ден по изборите ќе се покаже оптимизмот од повеќето страни – вели Сотирис Сербос од Демократиус Универзитет на Тракија – Грација.
Тој е оптимист дека Преспанскиот договор ќе биде ратификуван во грчкиот Парламент како историски пробив, кој како што истакнува, е важен не само за двете држави, туку и за осигурување безбедност во еден проблематичен регион.
„Договорот е голема придобивка меѓу двете земји и тој е е вистински прозападен за првпат во последната декада. Грција се враќа на Балканот со многу самодоверба и поголема екстровертност и мислам дека придордниот тек на овој процес ќе влијае не само на подобрување на нашите односи туку и на стратешкот партнерство, ќе донесе придобивки за регионот и согласно вашата земја да биде дел од стабилниот Западен Балкан“, смета Сербос.
Договорот од Преспа предизвика кавга во грчкиот парламент, за време на расправата за Буџетот за следната година, иако не беше на дневен ред.
Претседателот на најголемата грчка опозициска партија, Кирјакос Мицотакис го спомена неодамнешниот став на поранешниот шеф на грчката дипломатија, Никос Коѕијас, да се спроведе тајно гласање, па го праша Ципрас дали се плаши од нешто и порача дека тајно гласање за Договорот од Преспа нема да има.
Грчкиот премиер, Ципрас му возврати дека стигнал „до дното на мизеријата“.
Претседателот на Сојуз на централисти, Василис Левендис кој е против Договорот од Преспа, рече дека е срам за парламентот ако го ратификува договорот и најави дека тие како партија ќе направат сѐ што можат за во пракса да не се ратификува.