Нејмар за Јунајтед: Стилот на игра ќе се смени, играчите не – ММС
ММС

Објавено на: 12/19/18 7:28 PM

Нејмар за Јунајтед: Стилот на игра ќе се смени, играчите не

Натпреварите помеѓу двата тима се закажани за 12-ти февруари и 6-ти март, а интересно е што до неодамна, Бразилецот беше поврзуван со трансфер на „Олд Трафорд“

Ѕвездата на ПСЖ, Нејмар ја прокоментира тренерската смена на ривалот на парижаните во осминафиналето на Лигата на шампионите – Манчестер Јунајтед.

– Оваа промена сигурно ќе доведе и до смена на стилот на игра. Тоа ќе се промени, но играчите не. Добро ги познаваме и очекуваме два големи судири. Ги сакам таквите големи мечеви, вели Нејмар.

Натпреварите помеѓу двата тима се закажани за 12-ти февруари и 6-ти март, а интересно е што до неодамна, Бразилецот беше поврзуван со трансфер на „Олд Трафорд“.

Извор: МИА