Во Свети Николе се одбележува патронот на градот – Свети Никола (галерија+видео) – ММС
ММС

Објавено на: 12/19/18 7:20 PM

Во Свети Николе се одбележува патронот на градот – Свети Никола (галерија+видео)

Легендата вели: Во Свети Николе постоеле околу 40 цркви. За време на турското владеење сите цркви биле уништени само најубава и единствена која останала е црквата Св.Никола затоа и името на овој град е Свети Николе.
[youtube https://www.youtube.com/watch?v=knCN3XDpRdo]
Овде мештаните топло ќе ве пречекаат и ќе Ви препорачаат што да посетите во нивното мало, но волшебно место.

„ Прво и основно мора да се види нашата преубава црква „Свети Никола“… има и тука што да се види, може да се прошета низ градот, низ паркот, има дискотеки, кафанчиња, локали за младите … Локалитетот „Црнилиште“, Ѓуриште е атрактивно место – велат граѓаните на Свети Николе“.

Во Овчеполието деновиве е еуфорично, празнично, Свети Николе е епицентарот на низа случувања посветени на нивниот патрон – Свети Никола.
Во име на светецот, заштитникот на морнарите, на морињата и светецот кој сиот свој имот го распродал за да им помага на сиромашните, речиси 60% од семејствата во малото градче ги полнат трпезите со посни јадења.

„Како и секоја година, така и оваа празникот го славиме со подигање панагија, се собира семејството на едно место да вечера … Посно гравче, сарма, риба … Погача … Салата од печурки, тиква, баклава …“- ни открија што вечераат на овој голем ден.

Дедо Мраз е модерна