На адреса на 140.000 фирми станало писмо-полека спремајте се – ММС
ММС

Објавено на: 12/19/18 3:27 PM

На адреса на 140.000 фирми станало писмо-полека спремајте се

ЕУ претстави серија мерки со цел на ограничување на евентуалните последици во воздушниот сообраќај, финансиските вложувања и трговијата, ако Велика Британија ја напушти Унијата без договор.

Европската комисија која го координира европскиот одговор на Брегзитот, исто така ги повика останатите 27 членки на Е.У да им дозволат на британските државјани кои што жиеат во нивните земји таму да останат и да продолжат да работат и по 29 март, денот кога Велика Британија треба да излезе од Е.У.

Мерките на комисијата се однесуваат на транспортот, финансиските услуги, царинските и граничните контроли, оданочувањето и климатските промени и за нивното усвојување потребна е поддршка од Европскиот парламент и 27 земји кои остануваат во ЕУ.

Комисијата предложи и на британските авио-компании да им се дозволи да летаат кон и од аеродромите од ЕУ во траење од 12 месеци, под претпоставка и Британија да има понудено исти права на авио-компаниите од ЕУ.

Во меѓувреме и во Британија се подготвуваат за разделба.Владиниот кабинет испратил писма на адресите на 140.000 компании во кои се советуваат да проектираат нови  планови,односно да бидат подготвени.