Иако наполни 55 години, на овој холивудски убавец не му недостасуваат комплименти.
„Ти си како вино, стануваш сè подобар со текот на годините”, коментираше една од обожавателките.
Бред Пит имаше тешка година на приватен план, но тоа не влијаеше на неговата работа, и актерот сè уште добива значајни улоги. Во 2019 година, ќе го гледаме во драмата Ad Astra, ако и во долгоочекуваниот филм на Тарантино – „Беше еднаш во Холивуд“. Исто така, Пит е најавен во новиот СФ филм во режија на Дејвид Финчер, под наслов „World War Z 2″.
Она што секако остава трага врз Бред е борбата за старателство над децата, која актерот веќе подолго време ја води со поранешната сопруга Анџелина Џоли (43). Кој ќе добие старателство над Медокс (17), Пакс (14), Захара (13), Шило (12) и 10-годишните близнаци Нокс и Вивиен сè уште не се знае, но се чини дека поранешната двојка сепак ќе најде цивилизирано решение.