Во Сараево се наоѓа најуникатниот тоалет сместен во кафуле кој го посетил дури и Ричард Гир – ММС
ММС

Објавено на: 12/19/18 2:53 PM

Во Сараево се наоѓа најуникатниот тоалет сместен во кафуле кој го посетил дури и Ричард Гир

Штета би било доколку во Сараево не го посетите оригиналното кафуле „Златна Рипка“. Повеќе од 30 години сопственикот на ова кафуле собира предмети кои будат спомени од минатото создавајќи креативен хаос кој го обожаваат посетителите.

Сместено е во близина на споменикот на жртвите од Втората светска војна, лесно ќе го пронајдете благодарение на уникатната фасада. Електричните мешавини на предмети од 20 -те, 30 -те и 40 -те години од минатиот век, гостите лесно можат да се изгубат во времето и збунето да се вратат на реалноста.

Пригушено светло, одличен џез, црно бели филмови кои се прикажуваат е само дел од амбинетот кој ќе ве воодушеви и ќе ве релаксира.

„Златна рипка“ дефинитивно е омиленото место на жителите на Сараево и на туристите од целиот свет кои често во ова кафуле оставаат разни фотографии, гоблени, постери и разгледници.

Толку е интересен амбиентот што слободно и без срам можете сами да си седнете и да се напиете пијачка и да си гледате телевизија или филм на ретро телевизиор  во големи и дебели рамки.

Најверојатно ова кафуле го поседува најинтересниот тоалет во светот каде може да најдете фен за коса, туш, шампон и дезодоран, како и фиксен телефон и ретро телевизиор кој емитува гласно смеење.

Неодамна во кафулето гостин бил и Ричард Гир како и бројни дипломати кои неуморно го посетуваат да ја доживеат магијата и мистичноста на минатите времиња.