Челзи го напаѓа Иско со двојно поголема плата, Сари има само еден ултиматум – ММС
ММС

Објавено на: 12/19/18 2:26 PM

Челзи го напаѓа Иско со двојно поголема плата, Сари има само еден ултиматум

Од ден на ден пристигнуваат нови информации поврзани со ситуацијата на Иско во Реал Мадрид, а таа е се полоша и полоша, ако им се верува на шпанските медиуми блиски до „Кралскиот клуб“.

Се укажува на тоа дека шпанскиот репрезентативец нема друг излез освен да го напушти „Сантијаго Бернабеу“. Клубовите кои наводно се заинтересирани за Иско се нижат како на филмска лента. Последните денови најмногу се споменуваа Манчестер Сити и Арсенал, денеска под ознаката ексклузивно „Сан“ пренесува дека во целата приказна се вмеша и Челзи и дека „Сините“ имаат намера по брза постапка да го завршат овој трансфер. Всушност, тоа е еден вид ултиматум од Сари. Италијанецот го сака Иско, но под услов преговорите да не се одолговлечат, бидејќи сака што е можно побрзо да го имплементира во својот систем.

Планот на Челзи е да испрати силна понуда за почеток. „Сан“ наведува дека таа ќе изнесува 79.000.000 евра на име на обештетување, а за играчот двојно поголема плата отколку во Мадрид. Иско моментално заработува околу 135.000 евра месечно, а на „Стемфорд Бриџ“ му подготвиле договор на четири и пол години и неделен приход од 280.000 евра.

Англисиот таблоид исто така пишува дека постои интерен договор помеѓу Перез и Солари оваа зима да го продадат Иско, па на лето со сите сили да го нападнат Еден Азар. Белгиецот веќе подолго време го одбива новиот договор, а на летото 2019. година Челзи ќе има последна шанса да го продаде, така што нема да може да бара премногу пари за обештетување.

Извор: СпортКлуб